Неверојатниот Волф сам ја победи Португалија

Ракометната репрезентација на Германија стигна до првата победа во главната фаза на Европското првенство откако славеше против Португалија со 32-30.

Андреас Волф повторно беше најдобар поединец на теренот во првото полувреме и само поради неговите осум одбрани по првото полувреме Германија имаше егал против Португалците 11-11.

Ситуацијата на теренот беше слична и во вториот дел. Волф брилјираше на теренот и тоа беше клучот за победа на Германците од 32-30.

Волф натпреварот го заврши со 13 одбрани, додека најефикасен беше Миро Шлуроф со седум гола. Кај поразените Франциско Кошта заврши со десет гола.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...