Јапонија дефинитивно ги освои симпатиите на фудбалскиот свет поради начинот на кој го одигра синоќешниот осминафинален натпревар против Белгија. Вистинска фудбалска претстава од Јапонците кои се елиминирани со 3-2 од Белгија, со гол примен буквално во последните секунди од натпреварот.
Но, и јапонските навивачи на трибините го освоија срцето на секој поединец во светот кој го сака фудбалот… По постигнатиот гол на Чадли во 94. минута и елиминацијата, настана комплетен молк на трибините со Јапонци. Не можеа да ги сокријат ниту солзите поради начинот на кој загубија, за да веднаш потоа тотално воодушеват.
По тешкиот пораз јапонските навивачи им делеа подароци на белгиските фанови на тој начин покажувајќи ја својата големина. И не само тоа… На крајот повторно сите до еден го чистеа стадионот. Во моментите на шок, тага, онака насолзени Јапонците останаа доследни и зад себе го исчистија комплетниот неред на трибините. Секоја чест!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА