Неверојатни 4 минути во Букурешт: Адеми и Трајковски израмнија на 2-2, а Хаџи во 86. минута за 3-2 за Романците (ВИДЕО)

ЕКИПА во Букурешт, Романија

Владимир Булатовиќ

По бројните пропуштени шанси, македонската репрезентација дојде до израмнување 2-2 во Букурешт за само 60 секунди шокирајќи го романскиот состав.

Најпрво, одлична акција во 82. минута. Алиоски мајсторски нафрли од левата страна, а Адеми со глава од 7-8 метри за намалување на предноста од 2-1.

А, веќе во следната минута, Барди феноменално асистираше во празно за Трајковски кој од 12 метри стрела за 2-2.

Но, македонската радост траеше само три минути откако нововлезениот Јанис Хаџи во 86. минута повторно носи водство од 3-2 за Романија.

Се вчитува...