Помалку неверојатно. Барселона веќе пушти во продажба билети за следното „Ел Класико“ против Реал Мадрид кое ќе се игра дури во мај следната година.
Јасно е дека тоа ќе биде натпревар кој може да ја одлучува и титулата во Ла Лига, но останува за многумина интересен фактот дека каталонскиот тим продава билети шест месеци пред натпреварот. И тоа по неверојатни цени.
Засега, всушност, пуштени се во продажба само ВИП билети а цената чини неверојатни 4.000 евра, четири пати повеќе од вообичаената цена на билет од овој тип. Цена за еден таков билет за натпреварот од Лигата на шампионите против Копенхаген беше 1.150 евра, а за „Ел Класико“ е четири пати повисока.
Натпреварот ќе се игра викендот 9/10. мај, со дополнителна одлука за точниот датум и време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

