Неверојатно: Донесоа дете во болнички кревет на стадион – да си го гледа омилениот фудбалски клуб

Фудбалот е многу повеќе од спорт, а страста што ја носи најважната споредна работа на светот многу често и не може да се опише со зборови.

Најнов доказ за тоа доаѓа од Германија, каде 15-годишно момче беше во болнички кревет пренесено на стадионот на Ханза, за да може да го следи мечот на својот тим против Либек, на кој Ханза обезбеди влез во втората германска лига.

Тристан е роден по сериозни компликации, поради што е врзан за кревет. Тој ги следел сите средби на Ханза на телевизорот во својот дом, но состојбата во меѓувреме му се влошила, па последните месеци ги минал во болницата во Рошток.

Кога беа отворени трибините за присуство на навивачи, дел од докторите ја исконтактирале управата на Ханза при што бил пронајден заеднички начин, Тристан во болнички кревет да биде пренесен на трибините, каде во друштво на својата мајка ќе може во живо да го проследи значајниот меч на својот тим.

„Тристан беше пречекан со аплауз на трибините, од бројни навивачи кои не ги криеја солзите“, беше напишано на фејсбук пост со слика на 15-годишното момче, кој нешто подоцна беше избришан.

Се вчитува...