Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа нерешено 2-2 против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, но дефинитивно од овој бод ќе биде задоволен домашниот тим, додека гостите се разочарани после промашените шанси, особено во првото полувреме.
Неверојатно е она што го промашуваше Ливерпул на оваа средба, а по првиот дел односот на шутеви беше 15-0. Потоа Јунајтед од првите два удари дојде до два гола, и успеа да направи пресврт.
Диаз донесе предност во 23. минута од средбата. Голема шанса промаши Собослаи кој излезе еден на еден со Онана, но не успеа да реализира. Затоа играчите на Ливерпул беа казнети, па така во 50. минута Бруно Фернандеш израмни со неверојатен гол од 40 метри, по големата грешка на одбраната на Ливерпул. Потоа Мајно успеа да донесе и пресврт и водство за Манчестер Јунајтед.
Ливерпул продолжи со промашувањата, најпрво не се снајде Нуњез, а потоа Салах погоди од пенал. Гостите имаа повторно шанса за водство и за победа, но Диаз потоа го промаши неверојатното, и остана тагата за неосвоените три бода од овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА