Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер одиграа незаборавно финале на Вимблдон, во кое немаше да биде незаслужено и доколку Швајцарецот ја добиеше епската битка со првиот носител.
Неверојатно делува податокот дека Федерер загуби дуел во кој имаше дури 94 винер-удари, дури 40 повеќе во однос на противникот. Кога станува збор за неизнудените грешки, Федерер имаше 61, наспроти 52 на Ѓоковиќ. Севкупно гледано, Швајцарецот освои вкупно 218 поени во денешното финале, Ѓоковиќ 203, но и тоа беше доволно за српскиот тенисер да ја одбрани титулата.
Федерер беше подобар во речиси сите статистички „дисциплини“, има 25 аса наспроти десет на Ѓоковиќ, направи три двојни серви грешки помалку (6-9), а искористи и седум брејк шанси (Новак само три). Сепак, големината на Србинот се виде во клучните моменти, кога тој одговори на предизвикот и заслужено стигна до трофејот.
Со овој триумф Ѓоковиќ стана првиот тенисер што на возраст над 30 години успеал да ја одбрани круната на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА