Неверојатно: Феенорд без цела прва постава во ЛШ против Интер

Феенорд утревечер ќе го пречека Интер во првиот осминсфинален дуел од Лигата на Шампионите, а новиот тренер Робин ван Перси се соочува со огромни проблеми при изборот на фудбалери за овој натпревар.

Имено, Феенорд имаше проблеми со ростерот уште за време на двомечот со Милан, но ситуацијата дополнително се влоши во последните две седмици, па за утрешниот дуел Ван Перси нема да може да смета на дури 14 фудбалери, од кои осум до девет се стандардни првотимци оваа сезона.

Станува збор за:

Џастин Бијлоу  – Прв голман во вториот дел од сезоната

Ин-Беом Хванг – стандарден играч за врска

Антони Миламбо – стандарден играч за врска

Јакуб Модер – стандарден плејмејкер во вториот дел од сезоната

Квинтех Тимбер – капитен и клучен играч во средината на теренот

Гиваиро Рид – стандарден десен бек

Гернот Траунер  – стандарден дефанзивец

Калвин Стенгс – стандарден офанзивец, кој сезонава има многу проблеми со повреди

Ајасе Уеда – адут од клупата во нападот

Рамиз Зероуки – адут од клупата во средниот ред

Крис-Кевин Надје – ротација опција во средниот ред

Квилиндши Хартман – ротациска опција во одбраната

Факундо Гонзалзес – ротациска опција во одбраната

Барт Нијвкоп – втора опција на десен бек.

Од списокот е очигледно дека Ван Перси најголеми проблеми има со крпење на средниот ред, каде минатиот викенд против НЕК Нијмеген (0-0) играше левиот бек Смал.

Поради бројните повреди, Ван Перси на клупата за резерви против Интер ќе има најмалку пет играчи од јуниорскиот тим, па јасно е зошто холандскиот стратег ќе се моли да не остане без уште некој фудбалер во овој клучен дел од сезоната.

Се вчитува...