Неверојатно: Фудбалери на Бока јуниорс, и позитивни на Ковид-19, играа во Копа либертадорес

Неверојатна ситуација во Јужна Америка во период на силен замав на пандемијата на коронавирусот, која само покажува дека Бока јуниорс во Аргентина и во Латинска Америка е повеќе од клуб.

Бока јуниорс доби дозвола да го одигра натпреварот од Копа Либертадорес против Либертад во Парагвај и со двајца фудбалери позитивни на Ковид-19.

И покрај тоа што двајцата фудбалери пред натпреварот биле позитивни на тестовите, КОНМЕБОЛ и дозволил на Бока да патува во Асунсион по одлуката на Министерството за здравство на Парагвај дека Аргентинците, и покрај позитивниот тест, може да допатуваат во земјата. Оваа одлука е по образложението и од Светската здравствена организација дека личноста која е заразена ќе може да ја мине границата на друга земја, ако минала карантинскиот период од најмалку 14 дена и повеќе нема симптоми.

Сепак, оваа одлука предизвика силен гнев во тимот на Либертад која ги обвини КОНМЕБОЛ и Министерството за здравство на Парагвај дека не ги почитуваат сопствените протоколи во кои категорично се вели дека тие што се позитивни на Ковид-19 не може да играат. Но, очигледно Бока јуниорс во јужноамериканскиот фудбал е посилна и од коронавирусот…

Се вчитува...