Неверојатно: Фудбалерите на кои Тен Хаг потроши 116 милиони евра се непожелни кај Аморим

Почетокот на ерата на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед не донесе светлина на крајот на тунелот па така пред славниот англиски клуб е ново бурно лето во кое ќе следат серија на заминувања и нови засилувања.

Едни од оние кои не се пожелни кај португалскиот стратег се и едни од најскапите засилувања на Ерик тен Хаг, Расмус Холјунд и Џошуа Зиркзе за кои беа одвоени вкупно 116 милиони евра во 2023 и 2024 година.

Манчестер Јунајтед ќе ги продава скапите засилувања, очекувано со голема загуба бидејќи класата која ја покажаа во настапите за Аталанта и Болоња не се соодветнува со онаа во Манчестер Јунајтед.

Покрај овие двајца од клубот се очекува да заминат и Касемиро и покрај желбата да се бори за место во составот, како и Маркус Рашфорд и Ентони кои оваа зима преминаа на позајмици во Астон Вила, односно Реал Бетис.

Се вчитува...