Неверојатно: Ги внесе во Премиерлигата, па му се подготвува отказ

Изненадувачки тимот на Лидс размислува да му врачи отказ на менаџерот Даниел Фарке, и покрај тоа што пред неколку дена обезбеди пласман во Премиер-лигата на овој тим, пишуваат медиумите во Антлија.

Ваквиот развој на настаните е крајно изненадувачки и некоректен од страна на Лидс, а иницијатори наводно биле сопствениците од САД. Тие биле песимисти дека Фарке ќе може да обезбеди опстанок во идната сезона во најсилното англиско натпреварување.

Иако станува збор за еден од најуспешните менаџери во историјата на Чемпионшип, кој озбезбеди промоции претходно и со Норич два пати. Лидс во моментов има 94 поени, и се бори за првото место заедно со Барнли.

Сепак, водењето на тимови во Премиер-лигата е сосема друга приказна, и од тука е дилемата на сопствениците на Лидс. Со Норич освои само 21 поен, а во втората кампања како тренер исто така го внесе тимот, па доби отказ во ноември 2021 година, откако тимот запиша рекордни 15 последователни порази.

Се вчитува...