Неверојатно: Го преживеа падот на авионот на Чапекоенсе, а сега и стравична сообраќајна несреќа (ФОТО)

На 28. ноември 2016 година светот го потресе авионската несреќа во која загина речиси комплетниот тим на бразилски Чапекоенсе кој патуваше на натпревар во Колумбија.

Животот го загуби 71 лице во авионот, а шест ја преживеаја несреќата. Меѓу оние кои преживеаје е Едвин Тумири. Успеа да се опорави и започне нов живот, за да пред два дена доживеа стравична сообраќајна несреќа во која повторно преживеа.

Автобусот со кој се превезувал Тумари падна во провалија висока 150 метри. Загинаа 21 лице, а Тумири повторно имал среќа останувајќи жив заедно со уште 13 лица. И што е интересно се здобил со сосема идентични повреди како и при авионската несреќа, повреда на грбот и коленото од ногата. Но се чувствува добро.

„Излегов ползејќи од автобусот. Видов дека ми е повредено токму истото колено, седнав и помислив: ‘Ова е неверојатно. Не можам да верувам. Се чувствувам навистина благословен“ – вели Едвин.

Се вчитува...