Неверојатно: Халанд е „нула“ кога игра финалиња

Манчестер Сити се закити со трофејот во лига-купот на Англија откако во финалето славеше над Арсенал со 2-0, меч на „Вембли“ во кој двоен стрелец беше О’Рајли.

Она што е загрижувачко за Пеп Гвардиола е што продолжи слабата форма на Ерлин Халанд, кој има неверојатно поразителни бројки кога станува збор за финалните мечеви за трофеј што ги играше во дресот на Сити.

Имено, Халанд има одиграно девет финалиња за Манчестер Сити, освоено пет трофеи, но на овие девет меча најдобриот фудбалер на „граѓаните“ има НУЛА голови и НУЛА асистенции.

Црната серија почна во Черити шилдс мечот со Ливерпул што Сити го загуби со 1-3, а Халанд имаше неколку нереализирани шанси. До крајот на таа сезона 2022/23 Сити освои два трофеja до крајот на сезоната 2022/23, но Халанд беше „невидлив“ и во двете финалиња, во ФА Купот против Манчестер Јунајтед (2-1) и во ЛШ против Интер (1-0).

Слабите игри продолжија и во последните три сезони, црната серија не беше прекината ниту на вчерашниот меч за трофејот со Арсенал. Нова шанса за прекин на оваа „црна серија“ Халанд би можел да добие во ФА Купот на Англија, но за тоа да се случи ќе мора да мине уште две пречки за да стигне до финалето. Најпрвин, во четвртфиналето да го победи Ливерпул на „Етихад“.

Се вчитува...