Неверојатно искрена исповест на Лорен Кошчиелни ја шокираше француската фудбалска јавност.
Искусниот дефанзивец на Арсенал истакна дека се збогува од репрезентативната кариера и дресот на Франција со сериозна доза на горчина, откако го пропушти Мундијалот во Русија поради повреда а притоа останал заборавен буквално од сите. Кошчиелни доживеа тешка повреда пред СП 2018 во кое Франција стигна до трофејот, па го пропушти Мундијалот иако требаше да биде меѓу патниците.
Во опшираната исповест за „Канал+“, Кошчиелни даде неколку навистина шокантни изјави притоа потенцирајќи дека посакува Франција да испадне, а на да оди до финалето…
„Тоа што Франција стигна до титулата на СП психички повеќе ме уби од самата моја повреда. Тој Мундијал ќе остане темна точка во мојата кариера. Тешко е да се прифати повреда, а уште потешко што поради неа морав да пропуштам СП. Ја имаа таа себична страна во себе, па постојано си зборувам дека можев да дојдам и јас до трофејот. Таа мисла ќе ме прогонува до крајот на животот. Тоа е навистина тешко, и никој не може да ме разбере затоа што не бил во моја кожа“ – вели Кошчиелни, па продолжува:
„Бев среќен поради репрезентативните колеги, но во исто време и ми се гадеше. Не можеш да се чувствуваш како светски шампион, едноставно не можеш… Чудно чувство ме следеше за време на првенството. Од една страна сакав ете мојата земја да слави, а од друга страна се надевав дека ќе испаднат што порано. Ете тогаш така се чувствував. Сакав Франција да испадне“.
А, колку очигледно таа повреда тешко ја носел потврда се и солзите на Кошчиелни за време на разговорот за „Канал+“. Лорен Кошчиелни до својата 33-та година има 51 настап за репрезентацијата на Франција, а во дресот на „триколорите“ има едно европско и едно светско првенство.
#CFC
Laurent @6_LKOSCIELNY submergé par l’émotion au moment d’évoquer sa longue blessure à un mois de la Coupe du Monde ??? pic.twitter.com/OAxgK6dcQU— Canal Football Club (@CanalFootClub) October 14, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА