НЕВЕРОЈАТНО: Легендарниот Мијура и во 57-та година од животот продолжува со професионалниот фудбал

Јапонскиот фудбалер Казујоши Мијура ја продолжува кариерата иако во февруари наполни 56 години. Мијура ја продолжи соработката со португалскиот второлигаш Оливаренсе на уште една сезона. Неверојатно!

Минатата сезона одигра само 26 минути на три натпревари, но ете повторно продолжува договор со што се запишува како најстар фудбалер во професионалниот фудбал во светот.

Кариерата ја почна во Бразил на крајот од осумдесеттите години од минатиот век, играше потоа во Италија, Австралија, Хрватска и во родната Јапонија. Настапуваше за Палмеирас, Џенова, Динамо Загреб, Јокохама, Сиднеј… а има и 89 настапи за јапонската репрезентација со постигнати 55 гола во националниот дрес.

Се вчитува...