Неверојатно: Мајката на Мбапе заработува повеќе од осум фудбалери на Реал

Килијан Мбап е најплатен фудбалер во историјата на Реал Мадрид откако пред две години како слободен играч им се приклучи на „кралевите“ од редовите на ПСЖ.

Неговата мајка Фајза Ламари важи за клучен фактор при донесување на одлуките на големиот фудбалски ас, која се грижи не само за неговиот професионален живот, туку и за инвестициите што Мбапе ги прави со богатството што го заработува.

Она што е интересно, Фајза има потпишано менаџерски договор со својот син, со кој има загарантирана плата од 4,5 милиони евра годишно плус бонуси.

Само за споредба, мајката на Мбапе има повисоки загарантирани примања од дури осум фудбалери од сегашниот играчки кадар на Реал (Арда, Брахим Дијаз, Асенсио, Мастантуоно, Гонзао Гарсија, Лунин, Ендик и Фран Гарсија).

Се вчитува...