Неверојатно: Мане изнуди црвен картон, даде еврогол, па излезе од игра поради потрес на мозокот?!

Имавме можност да се изнагледаме луди ситуации на овогодинешното издание на Купот на Африкански Нации, а исклучок не беше ниту денешниот осминафинален дуел меѓу Сенегал и Зеленортските острови.

Се играа почетните минути од второто полувреме кога Садио Мане истрча кон противничкиот шеснаесетник, надвор од него врз асот на Ливерпул стартуваше противничкиот голман, при што двајцата се судрија со главите. Голманот доби црвен картон, но и на носилки беше изнесен од теренот поради потрес на мозокот, а Мане остана на теренот и со прекрасен погодок со помош на гредата го донесе Сенегал во водство.

Целата ситуација се прегледуваше со ВАР повеќе од пет минути, а кога главниот судија конечно покажа кон центарот на теренот, Мане падна на земја.

Со оглед на ударот со главите со противничкиот голман, Сенегалците веднаш алармираа на потрес на мозокот, поради што Мане беше повлечен од игра.

 

Се вчитува...