Барселона синоќа имаше кошмарна вечер на „Паркот на принцовите“ и загуби со 4-0 од ПСЖ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Ќе биде ѓаволски тешко за каталонскиот тим да возврати соодветно на „Камп Ноу“, посебно доколку Пари Сен Жермен го повтори ваквото издание и во реваншот.
Звучи неверојатно, но најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, ниту еднаш во текот на синоќешниот натпревар немаше контакт со топката во противничкиот шеснаесетник. Тренерот на „светците“, Унаи Емери, постави фантастична тактика за да го отсече триото Меси – Суарез – Нејмар, а со висок пресинг ги притискаше дефанзивците на Барселона уште пред голот на Тер Штеген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА