Неверојатно, но вистинито – Роналдо е медицински феномен: Ќе играм фудбал уште 10 години

Кристијано Роналдо продолжува да потврдува дека годините се само бројка за него. Португалската суперѕвезда игра во топ-форма во дресот на Ал Наср и на 40-годишна возраст, а Кристијано неодамна обелодени и дека биолошки докажал дека телото му е за повеќе од една деценија помладо од неговата возраст.

Како што информира португалскиот весник „Рекорд“, Роналдо минал низа специјализирани испитувања користејќи апарати на компанијата “Whoop”, која важи за најиновативна за мониторинг на здравјето и формата на спортистите. Притоа, се анализирале 140 метрички карактеристики како сон, стрес, вежбање, рехабилитација, психолошки вежби…

На крајот, резултатот покажал дека телото на Роналдо биолошки е како тој да има 28,9 години, а не 40 колку што навистина има Португалецот.

„Не можам да верувам дека сум толку млад, 28,9 години… Па ова значи дека ќе играм фудбал уште десет години“, со насмевка прокоментирал Кристијано по добиените резултати.

Се вчитува...