Неверојатно: Пандев му додаде, Дестро даде гол со шише вода во рацете

Матиа Дестро беше херојот на Џенова постигнувајќи два гола во финишот за реми од 3-3 против Верона. Особено интересен беше вториот гол на Дестро, вкупно трет за Џенова, бидејќи домашниот голгетер имаше шише вода во рацете во текот на целата акција.

Тој очигледно барал освежување во моментите кога Горан Пандев го проигра на дваесетина метри од противничкиот гол, по што Дестро со фантастичен слалом се ослободи од противникот и го матираше голманот на Верона.

Се вчитува...