Неверојатно: Павловиќ ја „копаше“ белата точка, Џенова го утна пеналот

Милан во драматична завршница ремизираше со Џенова, меч на кој гостите промашија пенал во 99. минута, а нова видео-снимка покажа дека главен „виновник“ за тоа е Страхиња Павловиќ.

Имено, додека се чекаше на ВАР потврда српскиот дефанзивец на Милан упорно копаше по теренот во пределот на белата точка.

Тоа вроди со плод, ударот на Станчу неочекувано заврши над гредата, што делумно се должи и токму на она што го направи Павловиќ неколку минути претходно.

Се вчитува...