Неверојатно: Пикси немал храброст да го каже составот, играчите дознале од сајтот на УЕФА (видео)

Српските фудбалери беа во шок кога го дознаа составот што селекторот Драган Стојковиќ го избра за почетокот на синоќешниот дуел со Данска, уште повеќе што Пикси немал храброст самиот да им го соопшти на играчите.

Последните информации од српскиот табор говорат дека Пикси не сакал да го соопшти избраниот тим до еден час пред натпреварот. Проблемот настанал што додека играчите шетале по теренот, нешто што е вообичаена пракса на повеќе од еден час до почетокот, на официјалната веб-страница на УЕФА бил објавен стартниот тим што ги шокирал сите. На социјалните мрежи вирално се шири видео од моментот кога Душан Влаховиќ и останатите српски асови на телефон дознаваат со кои единаесетмина Србија ќе излезе на мегдан против Данска на најважниот меч за пласман на ЕВРО 2024.

За потсетување, српскиот селектор реши клучниот меч да го почне без Тадиќ и Влаховиќ во тимот, со Александар Митровиќ како осамен во нападот. Тој го соопштил составот на играчите кога тие се вратиле во соблекувалната, иако сите веќе знаеле кој ќе биде стартер, а кој резерва, со сериозни сомнежи за изборот на фудбалери за клучната прсметка.

Негова улога како селектор е да прави избор и потоа да сноси одговорност за истиот, но меѓу другото – и да има храброст тој избор да им го соопшти и објасни на фудбалери. Нешто што српскиот кормилар очигледно не го поседува како човечки квалитет…

Се вчитува...