Неверојатно полувреме во Битола: Пелистер води со 7-0 против Тетекс по 45 минути!

Неверојатно полувреме во Битола, иако уште пред натпреварот беше добро познато дека Пелистер е голем фаворит против отпишаниот Тетекс во 12. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Но, и покрај фаворитската улога, малкумина очекуваа битолчани по само едно полувреме да имаат предност од 7-0 против Тетекс.

По само 22 минути игра веќе беше 5-0 за Пелистер, за да потоа се заокружи веќе и до 7-0 до 40. минута од играта. Хет-трик досега запиша Борче Маневски, а по еден гол постигнаа Китановски, Драгарски, Мустафов и Стефановски.

ВТОРА ЛИГА – 12. КОЛО (прво полувреме)

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА 0-0

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТЕТЕКС 7-0

Струга: КАРАРОМАН – ЛОКОМОТИВА ПЕХЧЕВО 0-1

Радовиш: ДЕТОНИТ – БЕСА 2-0

Велес: БОРЕЦ – КАМЕНИЦА САСА 0-1

Гевгелија: КОЖУФ – СЛОГА ВИНИЦА 1-0

ВЧЕРА

Охрид: ОХРИД – ГОСТИВАР 1-2

Гостивар: АРСИМИ – ВОСКА 1-2

Се вчитува...