Неверојатно: Порто ја копира Бенфика – вработува врачеви и видовити лица за да стане шампион

Борбата за трофеи во фудбалските првенства ширум Европа се води на терен, но кога станува збор за Португалија, тука во предвид се земаат и „надворешни влијанија“, па така гигантот Порто реши да најми врачарка за да му помогне да заврши пред Спортинг и Бенгика во трката за титулата.

Португалските медиуми денека објавија дека врачарката Мадалена Ароса била најмена од претседателот на клубот, Жорге Нуњо Пинто да Коста. Официјалната функција на Ароса е „клупски лекар“ на Порто, но добро упатени извори тврдат дека таа нема никаква врска со медицина, туку се занимава со „врачарење“. Платата што Мадалена ја зема изнесува 180.000 евра годишно, што е убедливо највисока во „лекарскиот тим“ на Порто.

Таа според португалските медиуми меѓу другото важи и за „видовита жена“, која во минатото знаела да ги предвиди резултатите на натпреварите, кризните периоди на противниците и притоа наоѓала начин да ги мотивира фудбалерите на тимот од кој е најмена.

На Порто одлично му оди, нема пораз по првите 14 кола и моментно се наоѓа на делба на првото место со екипата на Спортинг.

Она што е интересно е што во 2017 година директорот на Порто, Франциско Маркеш, јавно го обвини првиот човек на Бенфика, Луис Фелипе Виеира, дека користел помош од врачеви за да стигне до титулата.

Тој изнесе доказ дека Виеира му платил 65.000 евра на Доктор Армандо Нхага од Гвинеа Бисау, а Бенфика таа година стигна до двојната круна во португалскиот фудбал.

Се вчитува...