Неверојатен податок стига од Соединетите американски држави. Последните три децении во НБА лигата ја одбележаа Мајкл Џордан, Коби Брајант и Леброн Џејмс. Но, постои еден кошаркар кој може да се пофали дека во меѓусебните дуели со тројцата легендарни кошаркари има подобар скор.
Се работи за поранешната ѕвезда на Детроит Пистонс, Чонси Билапс. Билапс против Џордан има 6-4, против Леброн 22-17, додека со Коби Брајант има 24-21.
Билапс со Детроит беше шампион во 2004 година кога во финалната серија го совлада ЛА Лејкерс, а беше избран и за најкорисен кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА