Дарвин Нуњез лесно влегува во шанси, но асот на Ливерпул се мачи да ги претвори овие ситуации во гол, особено ако станува збор за стопроцентни зицери.
Таков случај имаше и на вечерашниот дуел со Тулуз, но кој Уругваецот најпрвин мајсторски се ослободи од својот чувар, потоа го мина и голманот, но … кога требаше топката да ја смести во мрежата тој го погоди само дирекот. За среќа на Ливерпул, топката се одби до Гравенберх, кој рутински стрелае за 4-1 за Ливерпул.
Промашувањето на Даевин Нуњез и голот на неговиот соиграч можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

