Екипите на Виљареал и на Атлетик Билбао ќе ја продолжат трката за места во Лигата на шампионите идната сезона, откако двата тима вечерва одиграа без голови на теренот на Виљареал.
Посериозни шанси имаше Виљареал се до исклучувањето на Гуеје, кој доби црвен картон во 83. минута, а потоа Билбао се закани со неколку полушанси, но мрежите мируваа. Неверојатна шанса промаши Тиерно Бери кој практично имаше пред себе празна мрежа, но не успеа да ја реализира.
Овој резултат целосно одговаа на Билбао, кој ја задржа предноста пред „жолтата подморница“ од шест бодови на четвртото место на табелата.
¡Thierno Barry muy cerca del gol
!#VillarrealAthletic | #LaLigaHighlights pic.twitter.com/PJFfv8iDm1
— Villarreal CF (@VillarrealCF) April 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА