Тринаесеттото коло од бразилската Серија А донесе натпревар на идните ѕвезди на Реал Мадрид и Барселона, Ендрик и Виктор Роке кои веќе имаат постигнато договори за трансфер во Шпанија.
Младите суперѕвезди не ја изневерија публиката, во ремито од 2-2 двајцата ја затресоа мрежата, но потегот кој го обележа натпреварот сепак не беше за пофалба. Истиот му припадна на Ендрик кој во 4. минута аматерски изведе пенал за кој му се смееа и сопствените навивачи.
Потегот можете да го видите ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

