Неверојатно: Роналдо во 2013 се сликаше со група деца, вечерва ќе игра против 11 од нив (фото)

Неверојатна фотографија од пред единаесетина години е објавена во јавноста во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу Португалија и Грузија, на која се гледа Кристијано Роналдо во посета на академијата на Динамо во Тбилиси.

Навидум вообичаена слика какви што има безброј со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, но она што ја прави оваа фотографија специјална е фактот дека речиси сите деца од фотографијата со Роналдо изградија успешни кариери и стигнаа и до репрезентативниот дрес.

И не само тоа, туку дури 11 од нив се дел од репрезентацијата на Грузија која вечерва ќе излезе на мегдан против Португалија предводена од Кристијано.

На оваа фотографија се наоѓа најдобриот грузиски фудбалер Квича Кварацкелија, потоа првиот голман Мамардашвили и уште неколкумина кои се стандардни првотимци во грузискиот состав, а вечерва ќе имаат можност да истрчаат на терен против својот фудбалски идол.

Се вчитува...