Неверојатно: Што промаши Роберт Левандовски?!

Полска никако не успева да најде излез од големата резултатска криза, a меѓу главните виновници сигурно е Роберт Левандовски, кој игра преслабо за сопствените стандарди како еден од најдобрите голгетери на денешницата.

Што повеќе да се каже, доволно е да се погледне неговото промашување на денешниот пријателски меч со Чешка. Левандовски немаше ниту голман пред себе, само празна мрежа, но сепак од два-три метри не успеа да ја смести топката онаму каде домашните навивачи однапред ја видоа.

 

Се вчитува...