Јаник Синер ја продолжи доминацијата на тениските турнири откако се закити со трофејот на завршниот АТП-турнир што се одржуваше во Торино, во финалето совладувајќи го Американецот Тејлор Фриц со 2-0 во сетови.
Покрај тоа што стана колекционер на речиси сите можни трофеи на турнирите на кои учествуваше во последните месеци, Синер дефинитиво почна и многу добро да ги наплаќа своите победи, заработувајќи богатство овој месец.
Имено, петте победи на одиграните пет меча во Торино му донесоа на Италијанецот вкупна парична награда од 4,8 милиони долари. Претходно, тој беше дел од турнирот „Шест Кралеви“ во Ријад, каде одигра три меча и заработи шест милиони долари.
Кога се ќе се собере, прворангираниот светски тенисер само на последните два турнира, за вкупно осум одиграни мечеви инкасирал 10,88 милиони долари, или над 1,3 милиони долари по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА