Неверојатно: Синер со 36 победени сетови во низа на Мастерс-турнирите

Јаник Синер ја продолжи серијата импресивни настапи на Мастерс-турнирите откако лесно стигна до победа на премиерниот меч во Монте Карло, во кој вториот носител за ривал го имаше Французинот Умбер.

Синер делуваше моќно на теренот стигнувајќи до лесна победа од 6-3, 6-0 за пласман во следната рунда, за неверојатна 18. победа во низа на италијанскиот тенисер. За ова да биде уште поимпресивно, Синер во овие 18 победи нема загубено ниту еден единствен сет, па доминацијата со Умбер значеше и 36 освоени сетови во низа за италијанскиот тенисер.

Тој нема загубено на прв меч од Мастерс-турнирите уште од Синсинати 2023 кога беше шокиран од Душан Лајовиќ, додека Синер останува кошмар за француските тенисери (26 победи на последните 26 дуели, по Лион 2021 кога на почетокот од својата кариера беше поразен од Артур Риндернеш).

Следен противник на Синер во Монте Карло ќе биде победникот од дуелот меѓу Аргентинецот Черундоло и Чехот Мачак.

Се вчитува...