Неверојатно славје: Американец со најголема добивка во историјата на обложувањето! (ВИДЕО)

Хјустон дојде до вториот шампионски наслов во шест години откако синоќа на домашен терен во шестиот дуел од финалното доигрување во американската бејзбол МЛБ-лига, славеа над Филаделфија со 4-1 и победија во серијата со 4-2.

Оваа победа на Хјустон му донесе неверојатни 75 милиони долари на Џим МекИнгвејл, американски бизнисмен и најголем обложувач на светот. МекИнгвејл се обложи дека неговиот омилен бејзбол клуб ќе ја освои МЛБ лигата. Вложи 10 милиони долари, и доби неверојатна добивка.

 

Пред синоќешниот меч, 71-годишниот трговец со мебел, чие богатство се проценува на 350 милиони долари, прошета и низ теренот испратен со овации од навивачите.

„Ве сакам сите. Го сакам овој град и се би направил за него. Горд сум што сум дел од оваа заедница“ – порача по натпреварот.

Претходно, најголемиот светски обложувач загуби 10 милиони долари на Супербол, а на бејзбол шампионот Хјустон веќе се обложи и во 2017 година кога беше шампиони, доби осум милиони долари тогаш, и беше повикан на дружбата на шампионот со тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Се вчитува...