Неверојатна случка го одбележа стартот на квалификацискиот дуел меѓу ракометните селекции на Хрватска и Чешка, откако официјалните лица заборавија на договорената минута молк пред почетокот на дуелот, во чест за жртвите во големата трагедија што се случи денеска во Кочани.
На трибините можеа да се забележат македонски знамиња, хрватските фанови јасно покажаа дкеа сочувствуваат со нашата трагедија, па и тие останаа во шок кога арбитрите означија и мечот стартуваше без минута молк.
По реакцијата од трибините, судиите по консултација со делегатот го прекинаа мечот во 37. секунда, по што беше одржана таа минута молк за македонските жртви, з апотоа натпреварот да продолжи…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

