Неверојатно: Требаше да судат во ЛШ, завршија во затвор бидејќи пијани украле сообраќаен знак

Неверојатни информации пристигнуваат од Полска, каде фудбалските судии Бартош Ф. и Томаш М. рано утрово била уапсени поради – крадење на сообраќаен знак.

Двајцата арбитри вечерва требаше да бидат во ВАР-собата за мечот од Лигата на Шампионите меѓу Динамо Киев и Глазгов Ренџерс што ќе се игра во Лублин, но дефинитивно ноќта ја минале многу побурно отколку што тоа го дозволуваат правилата.

Полицијата потврди дека во 1:43 часот наутро уапсила две лица за крадење на сообраќаен знак, додавајќи дека лицата биле во сериозна алкохолизирана состојба. При алкотестот и утврдено дека Бартош Ф. имал 1,7 промили алкохол во крвта, а Томаш М.1,8 промили.

Двајцата биле фатени на дело од полиција на една од улиците во градот, по што најпрвин биле одведени во „центар за трезнење“ по што против нив е покрената соодветна постапка.

УЕФА не даде конкретен коментар за скандалот, туку само ги промени ВАР-судиите за овој натпревар, делегирајќи ги во последен момент Томаш Квијатовски и Павел Малец за дуелот Динамо Киев – Глазгов Ренџерс.

Се вчитува...