Неверојатни, за македонски услови, цени на билетите за натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу Струга ТЛ и Жалгирис во Охрид.
Раководството на стружани се одлучи цената на билетите за реванш дуелот кој ќе се игра на 18. јули на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид да биде 1.200 денари. Со секој купен билет секој навивач ќе добие и маичка на Струга ТЛ, но јасно е сепак дека и со тоа цените се далеку од секојдневие за македонски фудбал, посебно и што се работи само за прво квалификациско коло во ЛШ.
Првиот натпревар меѓу Струга ТЛ и Жалгирис се игра на 11. јули во Вилнус.
Билетите за реваншот, пак, може да се купат онлајн преку системот на МкТикетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА