Невиден хаос: Дарвин Нуњез се качи на трибина и се тепаше со противнички навивачи (видео)

Колумбија славеше над Уругвај со 1-0 и се пласираше во финалето на Копа Америка, но мечот ќе остане запаметен по огромниот инцидент по крајот на натпреварот.

Третото полувреме се одвиваше на трибините, каде уругвајскиот голгетер Дарвин Нуњез бесен се качи меѓу колумбиските фанови и почна физичка пресметка со нив. Како што јавуваат медиумите, реакцијата на Нуњез следела откако забележал дека членовите на неговото семејство биле нападнати од страна на колумбиските фанови, по што настанал апсолутен хаос.

Соиграчите најпрвин успеваа да го задржат голгетерот на Ливерпул, но откако тој беше удрен од еден Колумбиец и тие се вклучија во тепачката, по што страстите дополнително зовреа.

Погледнете го големиот инцидент од неколку различни агли…

 

 

Се вчитува...