Невиден хаос на Бразил – Аргентина: Тепачки, прекини, црвен картон, Мартинез нападна полицаец… (ВИДЕО)

Во Бразил и Аргентина има „врела крв“ секогаш кога нивните фудбалски репрезентации играат еден против друг. Секогаш има тензии, порвокации, прекршоци, контроверзии. Последниот нивен дуел беше прекинат откако здравствени власти втрчаа на терен и забранија играње на неколку играчи поради кршење на протоколите за Ковид-19.

Почетокот на натпреварот ноќеска доцнеше пола час поради масовна тепачка на трибините. Аргентинските навивачи во голем број стигнаа на легендарната „Маракана“. Полицајците ги удираа со пендреци, а никој не знаеше поради што. Хаосот се обиде да го смири капитенот Лионел Меси и неговите соиграчи.

Во еден момент голманот Емилијано Мартинез се качи на трибина и нападна полицаец кој тепаше навивачи. Исто како Звонимир Бобан во 1990 година на „Максимир“ на дуелот Динамо – Црвена Звезда.

Натпреварот беше на раб на откажување, но на крајот заврши после долги часови и долги прекини. Заврши со победа на Аргентина 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Никола Отаменди. Згора на тоа Бразил остана со играч помалку по исклучување на Жоелинтон.

Се вчитува...