Невиден хаос пред почетокот на Копа Америка: Илјадници фанови без билет влегоа на стадионот (ВИДЕО)

Аргентина стана рекордер на Копа Америка откако изминатата вечер славеше над Колумбија со 1-0 за 16. титула во историјата. Натпреварот сепак ќе остане запомнет по невидениот организациски и навивачки хаос кој му претходеше поради што и почетокот доцнеше час и пол.

Имено, голем број на навивачи успеаја да се пробијат во „Хард Рок“ стадионот и покрај тоа што немаа билети, пробивајќи ја заштитната ограда, а најкреативните се провлекоа и низ вентилацијата. Со самото тоа голем број на фанови кои имаа билет останаа без влез, а истите ги платија од 1600 до 6000 долари. Фијаското погледнете го на следното видео.

Се вчитува...