Невиден хаос во Италија: Милош Теодосиќ се тепаше со навивачи на Милан (ВИДЕО)

Плејмејкерот на Виртус, Милош Теодосиќ беше вклучен во невиден скандал по вториот натпревар од плејофот за шампионската титула во Италија.

Теодосиќ имаше лош настап во поразот од Милано, за да по мечот и физички се пресмета со навивачите на миланската екипа.

Додека Милош заминуваше кон тунелот, еден од навивачите од Милано го удри. Неговиот соигра Даниел Хакет веднаш му притрча на помош, а потоа тргна физичка пресметка во која учествуваа речиси сите.

Олимпијано Милано го доби првиот натпревар со 92-82, а во вториот далеку понеизвесен токму Теодосиќ промаши шут за продолжение, па Виртус загуби со 79-76, и Милано сега води со 2-0 во серијата.

Се вчитува...