Невиден „кам-бек“ во фудбалот: Легендарниот Кампос на 58 години се враќа на терените

По 20 сезони и две децении отсуство од фудбалските терени, легендарниот голман Хорхе Кампос сензационално се враќа во играта. На 58-годишна возраст, тој повторно ќе го облече голманскиот дрес, овој пат за шпанскиот тим од петтата лига, ФК Мексико. Ексцентричниот мексикански голман, познат по своите дресови во светли бои поради кои го доби прекарот „Папагал“, е меѓу најшарените фигури во историјата на фудбалот.

Кампос учествуваше на три Светски првенства – 1994, 1998 и 2002 година. Во својата долга кариера, тој ги бранеше боите на голем број тимови, вклучувајќи ги УНАМ, ЛА Галакси, Круз Азул, Атланте и Чикаго Фаер. Неговиот последен официјален натпревар беше со тимот на Пуебла во сезоната 2002/2003. Интересен факт е дека покрај тоа што е голман, Кампос често игра и како напаѓач. Во својата кариера, тој има запишано 445 натпревари и импресивни 35 гола. Најубавиот од нив – со ножички за грб, беше постигнат со тимот на Атланте.

Со Мексико, Кампос го освои среброто на Копа Америка во 1993 година, и бронзен во 199 година. Не е познато дали Кампос ќе биде во новиот тим во улога на голман, или на играч.

Се вчитува...