Невиден превид на катарскиот судија: Тоа што му беше судено пенал за Роналдо, не го досуди за Хрватска ниту со ВАР (ВИДЕО)

Хрватската фудбалска репрезентација е оштетена на мечот за третото место против Мароко на Светското првенство во Катар.

Хрватите беа оштетени за чист пенал, откако дури ни со проверка на ВАР главниот судија на мечот, Катарецот Ал Јасим не досуди пенал по еден фаул над Јошко Гвардиол. Интересно е тоа што токму ваков фаул, дури и со помал интензитет беше досуден врз Кристијано Роналдо на натпреварот на Португалија против Гана во првото коло од групата Х.

Се вчитува...