Невиден скандал – навивачите на ПАОК окупираа телевизија!

Како што наближува крајот  на шампионатот на Грција, така атмосферата станува се пожестока, а скандалите се редат еден по друг. Во најновиот се вклучени навивачите на ПАОК.

Се почна пред дербито меѓу ПАОК и Олимпијакос кога тренерот на гостите, Оскар Гарсија, беше погоден со хартиена ролна во главата, после што натпреварот не се одигра, а потоа беше регистриран со службен резултат 3-0 за Олимпијакос.

Покрај тоа, тимот од Солун е казнет и со два натпревари без публика и со одземени три бода. Тоа ги разлути навивачите на ПАОК до таа мерка што една нивна група упадна во студиото на телевизијата ЕРТ и го натера новинарот во програмата во живо да го прочита нивното соопштение.

Во соопштението навивачите на ПАОК, меѓудругото ги повикуваат сите навивачи на ПАОК утре да излезат на протест во центарот на Солун и да го изразат својот револт од „скандалозната“ одлука.

Се вчитува...