Невиден скандал во ФА Купот – Навивач на Лестер тргна да се тепа со фудбалерите на Нотингем Форест (видео)

Невиден скандал се случи на дуелот од ФА Купот на Англија меѓу Нотингем Форест и Лестер, откако еден гостински навивач тргна да се тепа со фудбалерите на Нотингем, кои прославуваа постигнување на гол на својот стадион.

Нотингем доминира на теренот и има водство од 4-1 против „лисиците“, а на еден фан на Лестер очигледно му дојде преку глава мизеријата од неговите миленици на теренот, но незадоволството го прикажа на апсолутно погрешен начин.

Обезбедувањето кое некако го пушти да влета на теренот предоцна реагираше, но затоа полицајци го изнесоа хулиганот од теренот, по што тој несомнено ќе добие и доживотна забрана за влез на англиските стадиони.

Се вчитува...