Репрезентативецот на Северна Ирска, Гавин Вајт е под полициска истрага откако беше снимен во алкохолизирана состојба како мастурбира на сред улици за време на ноќно излегување.
Со 22-годишниот Вајт беше и негов пријател кој се забавувал на ист начин па и двајцата сега се соочуваат со затворска казна од шест месеци и 5.000 фунти казна.
Вајт игра за англискиот третолигаш Оксфорд јунајтед од каде се шокирани по таа срамна случка…
„Гавин е навистина пристојно момче. Ова однесување не е споиво со него и неговиот карактер. Сосема е јасно дека испил малку повеќе, но тоа секако не е оправдување. И него му е навистина криво за сето тоа. Целиот е срушен, се надевам дека навивачите ќе му го простат овој момент на лудило. Направи нешто погрешно и клубот сигурно ќе го санкционира“ – изјави тренерот на Оксфорд, Карл Робинсон.
Gavin Whyte: Oxford United and Northern Ireland winger shown ‘masturbating in street’ in leaked footage https://t.co/lO3DHedrKz pic.twitter.com/z0bVrrZJZO
— Indy Football (@IndyFootball) January 15, 2019
Реагираше и селекторот на Северна Ирска, Мајкл О’Нил…
„Ова е навистина неприфатливо за еден репрезентативец на Северна Ирска. Ќе има реакција и од репрезентативниот табор“ – соопшти О’Нил.
Вајт за Северна Ирска дебитираше минатата година на дуелот против Израел постигнувајќи и гол само 108 секунди откако влезе во игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА