Бостон селтикс има одлична можност да стане првиот тим во историјата што се вратил од негатива од 0-3 во една плејоф серија и на крајот успеал да триумфира. „Зелените“ се наоѓаа на работ на амбисот откако ги загубија првите три средби од Мајами хит, но покажаа карактер и успеаја да се вратат, па со синоќешната победа во Флорида со минимални 103-104 успеа да израмни на 3-3 во финалето на Источната конференција.
Дуелот беше максимално израмнета до самиот крај, но се чинеше дека Мајами ќе стигне до триумф и билет за големото финале откако Батлер изнуди фаул од Хортон при шут за три поени, па со трите прецизни слободни фрлања го доведе домаќинот во водство од 103-102. Одговорноста кај Бостон ја презеде Маркус Смарт, тој не успеа да реализира, но најприсебен беше плејмејкерот Вајт, кој со поени по офанзивен скок донесе огромна радост во таборот на селтикси.
Тејтум со 31 и Браун со 26 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Батлер реализираше 24 поени, 11 скокови и шест асистенции за Мајами.
Бостон е само четврти тим во историјата кој по 0-3 во плејофот успеал да стигне до 3-3, по Њујорк никс во 1951, Денвер во 1994 и Портланд во 2003 година. Во мајсторката што ќе се игра во Бостон, селтикс ќе имаат шанса да станат први во НБА-историјата што го комплетирале големиот пресврт и ќе дојде до четири победи.
¡¡INCREÍBLE DERRICK WHITE!! ☘️🤯
¡¡BOSTON FUERZA EL GAME 7!!#TiempoDePlayoffs pic.twitter.com/D3Z62lLbxr
— NBASpain (@NBAspain) May 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

