Невидена драма: Хрватска не се предава, Петковиќ погоди за пенал-рулет во четвртфиналето

Супердраматично е првото четвртфинале меѓу селекциите меѓу Хрватска и Бразил, откако „коцкестите“ не се предадоа по примениот гол во 105. минута, туку успеаја да стигнат до израмнување.

Јасно беше дека Хрватска нема што да загуби и мора да тргне на се или ништо, а ваквиот пристап вроди со плод. Во главна улога беше тандемот на Динамо Загреб, Оршиќ – Петковиќ, првиот одлично втрча по левата страна и одигра повратна топка, додека Бруно со силен удар и со мала помош од Маркињос ја смести топката во мрежата.

По 120 минути игра, првото четвртфинале нема победник, а полуфиналистот ќе биде решен со изведување на пенали.

Се вчитува...