Интер и Аталанта ремизираа 2-2 во денешниот дерби-дуел на Калчо-лигата, резултат од кој нема да бидат задоволни и двата тима, со оглед на супердраматичниот финиш. Имено, Интер на пет минути до крајот не реализираше пенал, Аталанта во 88. минута даде гол за победа, што беше поништен со ВАР бидејќи топката ја имаше минато гол-линијата на почетокот од акцијата.
Дуелот почна извонредно за Интер, откако „нероаѕурите“ ја искористија првата шанса кога Лаутаро Мартинез со феноменален волеј удар го донесе домашниот тим во водство. Избраниците на Инзаги делуваа дека имаат целосна контрола над мечот, но потоа остите за десетина минути направија целосен пресврт уште пред крајот на полувремето, најпрвин Малиновски израмни во 30. минута, за осум минути подоцна Толои да ја доведе Аталанта во водство.
Интер успеа да се врати и преку Един Џеко израмни на 2-2, за потоа да следи луд финиш на ова дерби. Демирал играше со рака, но „нероаѕурите“ не го искористија подарокот бидејќи ударот на Ди Марко заврши во гредата. Казната за малку ќе стигнеше кога Пиколи го совлада Хандановиќ, но со ВАР беше утврдено дека на почетокот од акцијата топката излегла од теренот, па Аталанта наместо гол доби само корнер, по што овој супердраматичен меч заврши без победник.
Inter Milan 2-2 Atalanta | ALL GOALS ⚽🎥
to never miss any goal, Follow 👇🏼@IFAST66 pic.twitter.com/dAFLZqQ6BK
— Follow @IFAST66 (@ifast222) September 25, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА