Невидена драма: Обид за киднапирање на цела репрезентација пред квалификациите за СП

Фудбалската репрезентација на Белизе се соочи со неверојатна ситуација при доаѓањето на Хаити, каде овие две селекции в четврток треба да се сретнат во рамките од квалификациите за СП 2022.

Имено, веднаш по доаѓањето на оваа островска земја при патот кон хотелот група вооружани лица се обиделе да ги киднапираат фудбалерите на Белизе. Иако автобусот на репрезентацијата се движел со полициска придружба, вооружените лица успеале да стигнат до автобусот.

Веднаш на лице место почнале преговори меѓу бунтовниците и членовите на федерацијата, деталите не се откриваат во јавноста, но на крајот автобусот бил пуштен да стигне до крајната дестинација.

Се вчитува...