Трката за титулата во Калчо-лигата од денеска стана суперинтересна откако Интер загуби на гостувањето против Болоња со 1-0, по што „нероаѕурооте“ сега се израмнети со Наполи на делба на првото место на табелата.
„Болоњезите“ пред неколку рунди ремизираа со Наполи, а овој тим успеа да направи уште поголем хаос на врвот на табелата откако вечерва го зема и скалпот на актуелниот лидер. Дуелот во Болоња не изобилуваше со шанси, се чинеше дека ќе заврши со поделба на пленот, за Болоња да слави со гол буквално во последната (94.) минута.
Беше изведен аут директно во шеснаесетникот, топката дојде до Орсолини, кој со извонреден погодок со полу-ножички ја смести топката во мрежата.
За одбележување е дека судијата покажа два црвени картони, и тоа на тренерите Италијано и Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА